ПУКАЛ ВО ТИНЕЈЏЕР И ПОБЕГНАЛ СО ВЕЛОСИПЕД Младо момче заврши на Ургентен со прострелни рани

Напаѓачот неколкупати пукал кон жртвата на Методија Митевски, па побегнал. Полицијата работи на расчистување на случајот.

1,098

18-годишно момче од Скопје со прострелни рани заврши на Ургентен центар, откако синоќа било нападнато со огнено оружје од страна на лице на велосипед.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил на улицата Методија Митевски во Скопје, кога напаѓачот неколкупати пукал кон М.И. (18), а потоа го напуштил местото.






„Во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ беше пријавено дека кај нив е донесено лице со повреди од огнено оружје“, соопштија од полицијата.

Повредениот бил донесен од В.И. (28) од Скопје, кој изјавил дека веднаш по нападот со сопствено возило го донел младото момче до Ургентниот центар.

„Увид е извршен на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини