Пукал во буре, повредил шестгодишно девојче

341

Во селото Белица, Македонски Брод, вчера гостин со пушка повредил шестгодишно девојче.

– Во куќата сопственост на С.Т., З.К.(44) од Скопје, кој престојувал како гостин, со воздушна пушка на С.Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со нејзината мајка А.Ц., исто така, престојувала во куќата. Според пријавеното, З.К. ја земал пушката без согласност и одобрение од С.Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ-Македонски Брод за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. За настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти МВР.

Поврзани содржини