ПУКАЛ ТАТКО НА ИГРАЧ, СИ ГИ УБИЛ ЌЕРКАТА И ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА!? Нова, непотврдена верзија за ужасот на Роуд Ајланд

Шефицата на полицијата, Тина Гонсалвес, истакна дека се работи за „планиран настан што може да произлегува од семејна расправија“, но деталите за мотивот и иденитетот на жртвите сè уште не се соопштени.

2

Напаѓачот, кој отвори оган од огнено оружје на средношколски натпревар во Потакет, Род Ајленд, и уби најмалку две, а рани уште три лица, а потоа се уби и самиот, е всушност татко на еден од играчите. Тој пукал и ги убил својата ќерка и својата поранешна сопруга, пренесуваат медиуми неофицијална верзија за мотивите на напаѓачот, која не е целосно потврдена од полицијата.

Наводно, убиецот Роберт Дорган (56), чиј син играл на натпреварот, прво пукал во мајката на својот син – во поранешната своја сопруга, која им подлегна на истрелите, а потоа ја убил и својата ќерка, па на крајот самиот си пресудил.






Оваа теорија за мотивите на напаѓачот, потеккнува од неофицијални извори и изјави на лица на лице место, пред властите официјално да ја објават мотиви за настанот. Неколку онлајн извори и сведоштва што се споделуваат на социјалните мрежи и во коментари наведуваат дека напаѓачот бил татко кој отишол на мечот затоа што знаел дека членовите на неговото семејство ќе бидат таму и ги нападнал.

Шефицата на полицијата, Тина Гонсалвес, истакна дека се работи за „планиран настан што може да произлегува од семејна расправија“, но деталите за мотивот и иденитетот на жртвите сè уште не се соопштени.

Според медиумски извештаи, кои исто така не се потврдени од властите, Роберт Дорган, кој се појавува и под името Роберта Еспозито, се чини дека бил на операција за промена на полот.

Видео емитувано на социјалните мрежи ги доловува сцените на паника што следеле по пукањето. Момчињата почнале хаотично да бегаат од теренот, како и гледачите од трибините, едни се упатуваат кон излезите, а други се обидуваат да им пружат прва помош на жртвите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ticker (@weareticker)

 

📽️ КРВАВ ХАОС ВО САЛА ЗА ХОКЕЈ Двајца мртви, тројца се борат за живот

 

Поврзани содржини