ПУКАЛ ОД АВТОМОБИЛ ВО ЖЕЛИНО И ОБЈАВИЛ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Полицијата уапси жител на Голема Речица

Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки“ со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола, соопшти полицијата.

387

Полицијата уапси жител на селото Голема Речица, кој пукал од автомобил во селото Желино, додека одел на семејна веселба.

„На 23.10.2025 година во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од селото Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во 10.00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв“ со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки“ со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола“, соопшти полицијата.






Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани содржини