Еден маж е уапсен откако пукал на мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран бидејќи не ги почитувале мерките за физичка дистанца.
– Вие не се придржувате кон мерката за физичко дистанцирање – вели Даглас Маркс (47) од Мајами во писмената изјава, до која локалните медиуми имале пристап.
Тој потоа им рекол на Вероника Пен и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Мексико, дека мора да го напуштат хотелот, по што извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во холот на хотелот.
Никој не е повреден во пукањето, што се случи во вторникот вечерта, пренесува Дејли Меил.
Маркс признал дека пукал, но на детективите им изјавил дека тоа го сторил бидејќи го следеле.