ПУКАЛ КОН ЧЕТВОРИЦА ВО ВИЗБЕГОВО Еден е повреден во нозете

Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

607

Во скопското село Визбегово синоќа едно лице пукало со огнено оружје кон четворица при што со повреди во пределот на нозете се здобило едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 20:30 часот е пријавено дека во село Визбегово, Скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од село Визбегово, Н.Љ. (27) од Скопје, В.Н. (40) од Куманово и Е.Р. (20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош – посочуваат од МВР.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини