Пукаат креветите во Олимпиското село, леглата се од картон и со пластични душеци (ВИДЕО)

Додека креветот пукна под Новозеланѓанецот, тој сепак издржа под притисокот на еден атлетичар од Ирска, кој скокна на него и не го оштети. Ова кажува дека разни спортисти добиле различен квалитет на кревети, па некои почнале да бараат од организаторите да им ги заменат.

720

Нема да можат многу да мрдаат во своите кревети 11.000 спортисти во Олимпиското село во Токио, бидејќи тие се картонски и можат лесно да се свиткаат и да пукнат. Рециклираниот картон и душеците од пластика се причина за револтот на светските спортисти, а некои од нив објавија и видеа на Твитер на кои се гледад дека картонот, кој би требало да држи до 200 килограми, веќе пукнал, пренесува Мондо.

Погледнете го видеото од собата и од спортистот од Нов Зеланд кој го проба креветот.

 






Додека креветот пукна под Новозеланѓанецот, тој сепак издржа под притисокот на еден атлетичар од Ирска, кој скокна на него и не го оштети. Ова кажува дека разни спортисти добиле различен квалитет на кревети, па некои почнале да бараат од организаторите да им ги заменат.

Откако спортистите ќе легнат на креветот, доаѓа проблемот со полиетиленските душеци. Тие се направени од три дела, а спортистите сами можат да комбинираат со колку слоја ќе им биде најмеко да заспијат.

Погледнете ги девојките од истиот тим на Нов Зеланд како се изненадени од душеците.

 

Поврзани содржини