📽 ПУКАА ВО АМБАСАДАТА НА САД ВО БЕЈРУТ Три лица ја подгреаја паниката во Либан

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

85

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Ројтерс напиша дека застреланиот е сириски државјанин.






Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

 

 

Поврзани содржини