По 10 години брак, една од најубавите жени во Холивуд Меган Фокс (34) и актерот Брајн Остин Грин (46) се разделуваат.
Парот кој пред неколку години веќе го најави разводот, па Меган ненадејно се појави со труднички стомак и насмеана покрај сопругот, овој пат дефинитивно става точка на својот брак. Брајан тоа го потврди за американските медиуми и рече дека секогаш ќе ја сака актерката со која има три сина, како и дека таа чудно се однесувала за време на снимањето на својот најнов филм.
Папараците пред неколку дена ја фотографираа со раперот Машин Ган Кели (30), со кого во моментов го снима филмот „Midnight in the Switchgrass“, а сега се појави вест која како бомба одекна во американските медиуми.
Меган, имено, глуми и во новиот спот на младиот рапер, со кого е очигледно многу блиска, и тоа за песната „Bloody Valentine“, а двајцата во ова видео-остварување се тркалаат на креветот и изгледаат многу опуштени еден покрај друг…
Обожавателите на Меган и музичарот ги издвоијле овие снимки како најимпресивни од спотот, за кое се пишува дека го разведе еден од најпопуларните парови во светот на славните.
ФОТО: Јутјуб