📷 ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФИНСКА Полицијата го уапсила осомничениот, има повредени

Пукањето се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа во Финска. Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, соопшти финската полиција.

126

Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Вантаа во близина на Хелсинки.

Пукањето се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа. Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, соопшти финската полиција.






„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да им отвораат на странци“, се наведува во полициското соопштение.

Вантаа има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.

Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.

Поврзани содржини