🎥 ПУКАЊЕ ВО ЊУЈОРК 10 млади застрелани пред влез во клуб

Полицијата соопшти дека дел од напаѓачите побегнале со автомобил, додека дел по злосторството побегнале пеш.

601

Десет лица се повредени во нападот што се случи во вчера вечерта во Њујорк, кога непознати мажи пукаа во толпата која се наоѓаше пред влезот на ноќен клуб.

Како што јави ABC News, пукањето се случило во 23.20 часот по локално време во Квинс, кога било соопштено дека во престрелката се ранети неколку лица.






Според извештаите, 15 луѓе чекале во ред пред влезот, кога се појавиле четворица мажи и почнале да пукаат во толпата.

Ранети се вкупно 10 млади на возраст од 16 до 20 години. Според полицискиот извештај испукани се повеќе од 30 куршуми, ранети се шест жени и четворица мажи, кои се пренесени во регионалните болници.

Како што беше кажано, дел од напаѓачите побегнале со автомобил, додека дел по злосторството побегнале пеш.

Полицијата соопшти дека не се работи за терористички напад, а властите истражуваат дали настанот е поврзан со конфликт меѓу локални банди.

Поврзани содржини