📷🎥 ПУКАЊЕ ВО КОНЦЕРТНА САЛА ВО МОСКВА Во тек е евакуација, има повредени и мртви

Според новинската агенција РИА, најмалку три лица отвориле оган, а неколку луѓе се ранети, пренесува Гардијан.

1,084

Непознати лица отвориле оган во концертната сала Крокус Сити Хол во Красногорск, во близина на Москва, пишува агенцијата ТАСС.

Според новинската агенција РИА, најмалку три лица отвориле оган, а неколку луѓе се ранети, пренесува Гардијан.






Наведуваат дека загинале најмалку 12 лица во нападот со калашникови.

Новинската агенција ТАСС јави експлозија и пожар во зградата во која се случила престрелката.

Според руските медиуми имало десетици загинати во „терористички напад“, а стотина се повредени.

„Непознати лица отвориле оган од автоматско оружје во градската сала Крокус. Во тек е евакуација на луѓето“, јави службата за итни случаи за државната агенција ТАСС.

Поврзани содржини