ПУКАЊЕ ВО КОЧАНСКО Се испокарале, па ги извадиле пиштолите

Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.

241

Вербална расправија меѓу две лица што се случила вчера попладне во кочанското село Пантелеј довела до меѓусебна пресметка, при што е употребен и пиштол. Според првичните сознанија, а што ги потврди и СВР – Штип, од истрелот од огненото оружје нема повредени лица.

– На 26 април, околу 15.30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека во дворното место од викендичка, сопственост на С.Г. од Кочани настанала физичка пресметка меѓу 61-годишниот З.Н. од селото Пантелеј и 24-годишниот А.Н. од Скопје. Притоа А.Н. испукал куршум од пиштол во вратата од викендичката, но нема повредени, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.






Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.

Поврзани содржини