ДОМАРОТ ПУКАЛ ВО ДИРЕКТОРОТ, СЕКРЕТАРКАТА И ВО ПРОФЕСОР Страшно злосторство се случило во гимназија во Босна и Херцеговина
Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје убил тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.
Страшно злосторство се случило во Гимназијата во Сански Мост во Босна и Херцеговина, кога маж влегол во Гимназијата и убил тројца вработени во ова училиште, потврдиле за порталот „Дневни Аваз“ од Министерството за внатрешни работи.
Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште. „Дневни Аваз“ пишува дека се работи за домарот во школото кој влегол на состанок.
Мотивот се наводно одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи тие што ги застрелал биле во комисијата што го суспендирала. Мотивот не е официјално потврден.
Според медиумот „Независне новине“ убиецот е домарот Мехемед Вукалиќ, а во самото училите имало несогласувањео веќе некое време. Според написот, вработените кои биле убиени биле членови на комисијата која го суспендирала домарот од својата работна обврска.
Исто така, домарот неодамна се обидел да даде изјава за медиумите за неправдата за која тврди дека му била нанесена во ова училиште.
Засега не е познато ни во каква состојба се лицата во кои е пукано.
Престрелката се случила утрото, а по неа осомничениот се обидел да си пресуди пукајќи си во главата, а се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.
Пукањето се случило околу 10 часот и 15 минути.
Локалните медиуми пишуваат дека името на директорот кон кон кој било пукано е Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост.
Полицијата е на самото место на злосторот, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.
Сански Мост се наоѓа на северот од земјата, на 360 км од Сараево, а на 61 километар од Бања Лука.