Пукање во Чаир, блокирана е улицата „Цветан Димов“

1,805

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 14:55 пријавено било пукање со огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир пред продавница за автоделови.

„Денеска во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на улицата Цветан Димов пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.






Поради тоа целата улица е блокирана.

Поврзани содржини