ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЉУБЉАНА Полицијата уби маж кој им се заканувал на минувачите со нож

Инцидентот се случил во населбата Мосте во словенечката престолнина, откако мажот ги игнорирал предупредувањата на полицијата.

161

Полицијата интервенирала попладнево во населбата Мосте во Љубљана, откако добила дојава дека едно лице им се заканува со нож на минувачите. Потоа лицето ја нападнало полицијата со нож, по што полицајците отвориле оган и го застрелале, објавија словенечките медиуми.

Полицијата го предупредила лицето да го прекине нападот, но тоа ги игнорирало предупредувањата и продолжило да ѝ се заканува на полицијата. Поради тоа полицајците отвориле оган.






„Полициските службеници употребиле огнено оружје за да одвратат незаконски напад врз нивниот живот. Лицето починало на лице место по употребата на огненото оружје“, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Очевидци изјавиле дека слушнале повеќе истрели. Потоа мажот лежел покрај патот, во близина на пешачки премин.

Полицијата најави дека дополнително ќе ја провери законитоста на употребата на сила и ќе ги утврди сите околности на инцидентот. Кривични истражители моментално работат на местото на настанот.

Поврзани содржини