ПУКАЊЕ ВО БОЛНИЦА ВО МИЧИГЕН Осомничениот е во бегство, објектот е под целосен карантин
Еден пациент се наоѓа во одделот за итна помош и добива медицински третман. Болницата. во која се случило пукањето, соопшти дека пациентите со закажани услуги во моментот не треба да доаѓаат, туку да се јават во соодветниот оддел.
Полицијата соопшти дека се случило пукање во четврток утрината, во болницата Корвел Хелт Бомонт Трој, Мичиген, а еден човек прима итна медицинска помош, според полицијата и официјални лица од болницата, објави Еј-Би-Си њуз.
„Еден пациент е во одделот за итна помош и прима медицински третман. Пациентите, кои имаат закажани услуги, не треба да доаѓаат во болницата во овој момент. Тие можат да се јават директно во одделот каде што имале закажана услуга. Во моментов нема други информации,“ соопшти болницата.
Болницата е ставена во карантин поради претпазливост.
„Ова изгледа како изолиран инцидент, но осомничениот сè уште не е уапсен. Ве молиме избегнувајте ја областа,“ соопшти полицијата.