ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО, ДВАЈЦА РАНЕТИ Нападот дошол од ауди во движење
Полицијата соопшти дека во селото Арачиново двајца напаѓачи од возило ауди пукале кон С.А. и А.А., кои се пренесени во Ургентниот центар.
Две лица се здобиле со повреди од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во село Арачиново, потврдија од полицијата.
„На 1.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив во селото Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ауди”, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.