ПУКАЊЕ ПРЕД КАФЕАНА ВО ОХРИД Уапсени се две лица, пиштолот е одземен

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

664

Ноќеска во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид.

Тие, како што е наведено во полицискиот билтен, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П..

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини