ПУДИНГ СО ВКУС НА ЈАГОДА, А НА СЛИКАТА МАЛИНА? Не е грешка туку пропис на ЕУ!
Малку е збунувачки за потрошувачите зошто на производот кој не содржи ниту јагоди ниту малини, не е погрешно да се стави слика од малини, ама е погрешно да се стави слика од јагоди. Сепак, добрата вест е што поради ваквите прописи, клиентите можат релативно лесно, без да ги прочитаат заднината и листата на состојките, да дознаат што има или што нема во производот.
Дали сум луд или ова не е јагода на сликата? – праша неодамна еден потрошувач на Редит и прикачи слика од амбалажа на шлаг-крем. На неа пишува „вкус на јагода“, а на сликата се прикажани три малини.
Веднаш се разви креативна дискусија меѓу корисниците со секакви објаснувања, почнувајќи од тоа дека компанијата не му платила доволно на графичарот, дека не е погрешна сликата туку овошјето во името и дека всушност станува збор за малини кои се чувствуваат како јагоди.
Меѓутоа, бидејќи не ми беше веројатно да станува збор за грешка, побарав други примери за пакувања на производи од Бонито, чиј шлаг стана предмет на дискусија, а потоа некои слични производи од други производители како Подравка или Др. Еткер.
Не беше потребно многу време за да се види дека тоа се повторува и кај нивните производи, пишува Јутарњи.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.