„Пуцко петрол“ ќе го снабдува со дизел ЈП за одржување на патишта за 710.000 евра
Компанијата претходно ги доби и тендерите на ЈСП Скопје за набавка на еуродизел кој тежи 13,2 милиони евра, и на општина Битола за набавка на екстралесно гориво за греење изнесуваше 687.000 евра.
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје потпиша договор со Друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ од с. Пласница за набавка на дизел гориво Д-Е V.
Износот на зделката со вклучен ДДВ е 43.676.048 денари ( околу 710.000 евра). Договорот е на сила од 1 декември годинава.
Компанијата претходно ги доби и тендерите на ЈСП Скопје за набавка на еуродизел кој тежи 13,2 милиони евра, и на општина Битола за набавка на екстралесно гориво за греење изнесуваше 687.000 евра.