ПУЧИСТИТЕ НАРЕДИЈА ПРОТЕРУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР Новите власти во Нигер ѝ дадоа наредба на полицијата
Пред два дена Европската унија го осуди овој чекор.
Новите воени власти на Нигер го укинаа дипломатскиот имунитет на францускиот амбасадор Силвен Ито и ѝ наредија на полицијата да го протера, јавија француските медиуми кои имале увид во писмото упатено до дипломатската мисија. Пред два дена Европската унија го осуди овој чекор.
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, денеска изјави дека Унијата работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата која минатиот месец ја презеде власта во Нигер.
Ситуацијата во регионот на Сахел, пред се во Нигер, како и руската агресија врз Украина и мировната иницијатива предложена од Киев, ќе бидат главни теми на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Толедо.