🎥 ПУБЛИКАТА ГИ ГАЃАЛА МАНЕКЕНКИТЕ СО СУПА, ЈАЈЦА И СО ЃУБРЕ Една манекенка се лизнала

Како што излегуваа манекенките, на екраните се прикажуваа пораки на Интернет наменети за дизајнерката Беате Карлсон и за брендот. Иако публиката првично се двоумеше, како што одминуваше шоуто, сè повеќе од нив се приклучија во процесот. На пистата имаше сè повеќе ѓубре, а една манекенка се лизна.

424

За време на Модната недела во Милано се одржа ревија на револуционерниот бренд „АВАВАВ“ познат по бизарните ревии. Овој пат отидоа чекор понатаму и приредија шоу на кое публиката фрлаше супа, јајца, кори од банана и ѓубре по манекенките.

Како што излегуваа манекенките, на екраните се прикажуваа пораки на Интернет наменети за дизајнерката Беате Карлсон и за брендот. Иако публиката првично се двоумеше, како што одминуваше шоуто, сè повеќе од нив се приклучија во процесот. На пистата имаше сè повеќе ѓубре, а една манекенка се лизна.






На крајот на ревијата, дизајнерката Беате Карлсон излезе и ѝ се поклони на публиката, а потоа сопругот на извршната директорка на брендот ја удри со пита по лицето.

Поврзани содржини