ПСЖ НУДИ, МБАПЕ ОДБИВА „Светците“ го одврзаа ќесето, но Французинот сака да си замине
Претходно, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изјави дека клубот е подготвен да го пушти Мбапе да замине во Реал, но само под одредени услови. Мадридскиот клуб понуди 160 милиони евра за него, но ПСЖ одби.
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одби две понуди од парижаните за нов договор, пренесува „Л’Екип“.
Според францускиот весник, првата понуда е 125 милиони евра и петгодишен договор. Сепак, Мбапе не се согласи, сметајќи дека договорот е предолг. Втората понуда е тригодишен договор, но ова исто така не му одговараше на играчот.
Претходно, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изјави дека клубот е подготвен да го пушти Мбапе да замине во Реал, но само под одредени услови. Мадридскиот клуб понуди 160 милиони евра за него, но ПСЖ одби.
– Килијан Мбапе сака да замине во Реал Мадрид, а ние немаме намера да го држиме сосила во нашиот клуб. Ја одбивме првата понуда на Реал, но ако се исполнат нашите услови, добро ќе размислиме. Да бидам искрен, сево ова ми изгледа како „финта“ на Реал, да се добие негативен одговор за нас, да кажат дека направиле се што можеле летово, па догодина да го добијат Килијан бесплатно. Она што Мбапе секогаш ни го ветуваше е дека нема да замине без никаква отштета од ПСЖ. Има време до крајот на преодниот рок до 31 август, но една работа е сигурна, нема да го продадеме Мбапе за помалку од она што му го плативме на Монако – изјави Леонардо.
Според информациите од Франција, ПСЖ го проценува извонредниот стрелец на 200 милиони евра.
Оваа сезона, 22-годишниот играч одигра три натпревари за ПСЖ и постигна еден гол и две асистенции.