ПСЖ И ЧЕЛЗИ ВО ФИНАЛЕ НА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО Лука Модриќ со солзи го заврши последниот натпревар за Реал Мадрид

Францускиот гигант го понижи Реал Мадрид со 4-0 и закажа големо финале со Челзи во САД.

929

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен го декласираше Реал Мадрид со 4-0 во второто полуфинале од Светското клупско првенство, кое годинава се одржува во Соединетите Американски Држави. Победата на ПСЖ значи финале против Челзи, кој претходно го совлада бразилски Флуминенсе.

Натпреварот во Лос Анџелес ќе остане запаметен како последен за хрватскиот ас Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид. Емоционален крај за легендата на „кралскиот клуб“, кој доби аплаузи и од навивачите на ПСЖ.






„Ова беше повеќе од фудбал, симболичен крај на една ера. Модриќ заслужува само респект“, гласеа коментарите на социјалните мрежи по натпреварот.

Фабијан Руиз беше херојот на натпреварот со два гола во 6. и 24 минута, додека Дембеле во 9 и Рамос во 88 минута го довршија уништениот тим на Чаби Алонсо.

Челзи своето место во финалето го обезбеди ден порано, со сигурна победа од 2-0 против Флуминенсе, благодарение на двата гола на Жоао Педро.

Финалниот натпревар меѓу ПСЖ и Челзи ќе се игра во недела (13 јули) со почеток во 21:00 часот по средноевропско време, а победникот ќе го освои официјалниот трофеј на најдобриот клупски тим во светот.

Поврзани содржини