Психијатар во болницата во Демир Хисар е позитивен на коронавирус
Сите негови колеги лекари имаат препорака за самоизолација на лекарите, а психијатри од Прилеп и од Битола ќе бидат прераспределени во оваа болница.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во Психијатриската болница во Демир Хисар, потврдено е дека е ден од лекарите е заболен од коронавирус. Тој бил асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анкета.
Сите негови колеги лекари имаат препорака за самоизолација на лекарите, а психијатри од Прилеп и од Битола ќе бидат прераспределени во оваа болница. Поради оваа ситуација, ќе биде затворен и Центарот за ментално здравје во Прилеп, каде што исто така работат истите лекари.
Филипче информираше дека на земјава и е одобрен пристап до Европскиот солидарен фонд, за материјали и апарати за потребите на здравствените институциии, со што, рече тој, се изедначуваме со земјите членки на ЕУ, што е огромна придобивка. Холандија донирала кабинет за дијаноза на коронавирус, како и тестови за 2.000 пациенти, практично, станува збор за лабораторија која ќе го удвои капацитетот на ИЈЗ во тој поглед. Министерот за здравство се заблагодари и на донациите преку германската амбасада.
Во врска со тестовите за коронавирус, Филипче информирапе дека стручното мислење на Комсисијата за заразни болести се дека тестовите од „Аџибадем Систина“ покажуваат присуство на антитела, односно сомнеж дека сте носител на вирус. затоа рече дека задолжително е да се направи и тест во ИЈЗ, за да се утврди дали има присуство на вирус со што пациентот е позитивен на ковид 19, за да се влезе во регистарот на заболени, што, нагласи, е и според препораки на СЗО.
Во однос на тестирањето, министерот рече дека според број на жители, имаме најголем број на тестови во регионот на милион жители освен Словенија.
– Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна бројка. Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени – истакна Филипче.
Тој појасни дека се тестираат позитивни со симптоми пациенти, се идентификуваат нивните примарни контакти и на нив им се препорачува самоизолација и оти тестирајќи на овој начин, институциите имаат целосна контрола и увид во третманот односно состојбата на пациентите.
— Епидемиолозите имааат консензус дека досегашниот присттап на третирање на суспектни и на позитивна од корнавирус не треба да се менува, дава доби резултати, што се гледа и од линеарениот раст на кривата. Пикот го очекуваме кон крајот на април – рече Филипче.