ПСИХИЈАТАР МИ ОБЈАСНИ ЗОШТО НЕМАМ ПАРТНЕР ВЕЌЕ ТРИ ГОДИНИ Наташа Беквалац со искрена исповед
Пејачката не крие дека посетува психијатар, бидејќи смета дека менталното здравје е многу важно.
Пејачката Наташа Беквалац признала дека три години нема момче, но дека без оглед на тоа фантастично се чувствува, пишува „Новости“.
– Јас се чувствувам добро, навистина. Имав период кога не ми беше добро, а сега се чувствувам одлично – рекла згодната пејачка.
По драматичниот развод од Лука Лазукиќ пред три години, Наташа Беквалац не се впуштила во никаква емотивна врска. Таа открила и што ѝ рекол психијатарот дали е во ред да немаш момче толку долго.
– Таа рече дека не треба да се грижам, дека со мене сѐ е во ред. Животот без посилната половина е фантастичен. Никогаш не сум трагала по половина, се сметам себеси за комплетна и цела – изјавила убавата пејачка, по што ја сменила темата.
View this post on Instagram
Нејзината ќерка Хана, која ја доби со спортистот Данило Икодиновиќ, ја обожава песната на Наташа и Раста, а Наташа открила и каков е нивниот однос сега.
– Кога ќе имате дете во пубертет, тогаш можеме да разговараме. До 15-та година е тешко, а од 15-та сте на***ле. Таа е во период кога сега сите ѝ се повеќе кул од мене – открила пејачката во свој стил за односот со ќерката.
ФОТО: Инстаграм