ПСАКИ СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Украина во секој момент може да биде нападната од Русија
Ниту една опција не е надвор од масата - изјави секретарот за печат Џен Псаки на прес-конференција, предупредувајќи на „екстремно опасна ситуација”.
Белата куќа денеска соопшти дека Русија е подготвена за потенцијален напад врз Украина што би можел да се случи „во секој момент“ и предупреди дека одговорот на САД ќе ги вклучи сите опции.
– Ниту една опција не е надвор од масата – изјави секретарот за печат Џен Псаки на прес-конференција, предупредувајќи на „екстремно опасна ситуација”.
Сега сме во фаза кога Русија во секој момент може да изврши напад врз Украина, нагласи Псаки.