ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА Трансродова тинејџерка победи на изборот за Мис, многумина збеснаа од оваа одлука (ВИДЕО)
Брајан Нгуен, 19-годишна трансродова инфлуенсерка, победи на локалниот избор за убавина во САД, што предизвика многу дискусии.
Брајан Нгуен, 19-годишна трансродова инфлуенсерка, победи на локалниот избор за убавина во САД, што предизвика многу дискусии.
View this post on Instagram
Брајан ја освои титулата Мис Грејтер Дери и стана првата трансродова личност која победила на локалниот натпревар за убавина.
„Нема зборови со кои можам да опишам како се чувствувам што ми се даде можност да служам и да ја претставувам мојата заедница за првпат на изборот за Мис на Њу Хемпшир“, напиша тинејџерката на Инстаграм.
Победничката на овој натпревар ќе се бори за титулата Мис на Њу Хемпшир во 2023 година.
View this post on Instagram
Меѓутоа, многумина ја критикуваа оваа одлука бидејќи сметаат дека „на жените им ја одзеде титулата биолошки маж“.
„Биолошки маж, а притоа и со вишок килограми, штотуку победи на Мис Грејтер Дери во Њу Хемпшир. Брајан, кој воопшто нема женско име, нашминкан, нималку налик на убавите природни девојки кои се претставија на натпреварот, не само што го зазеде првото место, туку ѝ ја одзеде шансата на жената да добие стипендија и да ги искористи тие пари од наградата за својата иднина“, напиша на Твитер поранешната мис на Велика Британија, Лејлани Даудин.
„Она што не можам да го преболам е тоа што оваа личност не е доволно привлечна за да победи на кој било натпревар“, рече политичката коментаторка Сиднеј Вотсон.
View this post on Instagram
Брајан, пак, вели дека не ѝ пречат негативните коментари.
Имаше и такви кои беа воодушевени од нејзината победа.
„Каква подобра приказна да споделиме од тоа што се создава историја за Организацијата на изборот за Мис Америка? На 6 ноември 2022 година, Брајан беше крунисана за Мис Грејтер Дери 2023 година. Таа е првата трансродова жена што се круниса во 101 година на натпреварот“, некои се од коментари.
ФОТО: Инстаграм