Првпат сум сигурен дека ни нема спас

Може и заслуживме ова што ни се случува на секое поле, место најдобрите да не владеат секакви криминалци.

5,245

До пред короната и на почетокот од неа бев голем оптимист дека ќе нѐ биде, како држава, како човечки род…

Многу од епидемијата зависеше од нас, дали ќе сме совесни, дали ќе имаме емпатија кон другите, дали нема да шириме вирус кој е потенцијално смртоносен. Конечно мислев дека ова ќе е моментот кога ќе докажеме дека сме само жртви и заложници на лоши политичари и олигарси. И сме, не дека не, но покажавме и голема доза на неразумност или чиста глупавост до свадби, родендени, полуматури, неоткривање на контакти, бегање од тестирање. Може и заслуживме ова што ни се случува на секое поле, место најдобрите да не владеат секакви криминалци.






Мислев дека ко луѓе после толку смрт и секојдневни статистики (секој ден се умира, ни ништо нема толку медиумско внимание) ќе станеме подобри едни кон други, ќе го анализираме животот во часовите во карантин, ќе видиме дека живееме во нефункционален систем каде што многумина не ни можат да преживеат месец дена без работа. Дека скоро сите сме во ист чамец кој тоне додека малку што владеат се на јахти. Никому не му е до промена. Секој сака само „да се снајде” во ова општество на волци. Не сака стадото да е сито, сака тој да ги јаде другите овци додека човечкиот живот се вреднува колку за плаќање сметки и рати од кредити.

Прв пат сум сигурен дека ни нема спас ни ко држава, ни ко човечки род.

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Поврзани содржини