ПРВПАТ ПОСТИТЕ ЗА НОВА ГОДИНА? Еве што можете да подготвите за вашата веганска трпеза
Да се биде веган на Нова година не мора да биде проблем. Секако, не е проблем ни воопшто, ама за оние кои првпат решиле да постат е особено тешко да ја замислат новогодишната трпеза без прасешко и руска салата. Постојат многу алтернативни јадења за класичните новогодишни рецепти со месо, како и вкусни вегански задоволства.
Веганите и оние кои редовно ги постат Божиќните пости веќе знаат дека има многу вкусни варијанти за посни јадења. Но оние за кои Нова година секогаш била асоцијација за печено прасе и руска салата, веројатно се чудат како е можно да се пости и да се издржи новогодишната вечер без познатата обилна свечена трпеза.
Да се биде веган на Нова година не мора да биде проблем. Постојат многу алтернативни јадења за класичните новогодишни рецепти со месо, како и вкусни вегански задоволства.
Нова година е време за уживање во богати празнични оброци, колачи и пудинзи. Но сè повеќе луѓе преминуваат на исхрана без месо, па и рецептите кои не содржат месо се сè побројни.
За да уживате во новогодишната вечер, ви носиме идеја за веганска новогодишна вечера составена од предјадење, главно јадење и десерт. Побарајте ги нашите предлози на АРТ КУЈНА.