Првпат по разводот, Бред Пит ја посети Анџелина Џоли во нејзиниот дом ФОТО

1,084

Се поправа односот помеѓу 56-годишниот Бред Пит и 45-годишната Анџелина Џоли кои се разведоа пред четири години, изјавува „Дејли мејл“.

Оскаровецот првпат по четири години е виден во близина на територијата на Анџелина. Тој бил во посета во нејзината вила вредна 24 милиони долари во Лос Анџелес во која живее со нејзините деца, 18-годишниот Mедокс кој моментално студира во Јужна Кореја, 16-годишниот Пакс и 15-годишната Захра, која ја посвоија и нивните биолошки деца 14-годишната Шајло и 11-годишните близнаци Вивиен и Нокс.






Бред пристигнал со мотор и проведе време со нив окулу 2 часа.

Многимина сметаат дека посетата на Бред е знам дека поранешните сопружници почнале подобро да се сложуваат за доброто на нивните деца. Тоа го поврдува вселувањето на Бред во куќа на 5 минути од Анџелина, а неговиот двор го спремил со трамболини и справи на кои децата ќе можат да играат кога ќе дојдат во посета. Се видоа многу весели, но како што велат Анџелина до пред некое време не дозволувачла децата да се гледаат со својот татко, а на суд водела немилосрдна борба за имот и барала Бред да плаќа повеќе алиментација за децата, кои сaкала да ги задржи под својот покрив.

„Децата на Бред му се најважната работа во животот. Тој вели дека секогаш учи нешто ново од своите деца. Откако го решија проблемот со имотот, Бред и Анџелина имаат многу подобар однос. Многу напреднаа – изјави анонимен извор за „Ентертејмент тунајт“ кој бил близок со поранешниот пар, додавајќи дека тој помогнал глимицата да се откаже од тоа децата да се преселат во странство за што Бред се противел.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Поврзани содржини