За првпат од напуштањето на своите кралски должности, на инстаграм-профилот на „Паметни работи“ (Smart Works) се појави снимка од Меган Маркл, која им помага на невработените жени во подготовките за интервјуа за работа.
Меган во снимката ѝ дава совети на една девојка што се подготвува да зборува за стажирање. Со младата Британка, Меган разговара од нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Покрај видеото со кое се охрабрува девојката која неодамна дипломирала психологија, е објавена и порака која Меган ја испрати до организацијата.
– Голема чест беше да се сретнеме и да учиме од толку многу талентирани жени од мрежата „Паметни работи“, а неодамна направија неверојатната работа за да ги прилагоди своите програми на оваа пандемија. Нивната способност да продолжат да ги зајакнуваат жените и да им помогнат да градат доверба е инспиративна. Тие треба да успеат во ова време – рече Меган.
Меган, Хари и нивниот син Арчи во моментот живеат во новата куќа во Лос Анџелес, каде што живее и мајка и на Меган.