Првовакцинираната Британка против ковид-19 ја прими втората доза

Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата.

226

Првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, Британката Маргарет Кинан, ја прими и втората доза, јави Би-Би-Си.

Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата.






Професорот Енди Харди од Универзитетот во Ковентри изјави дека целиот тим е воодушевен што „Маргарет безбедно ја примила втората доза од вакцината“.

– Таа стана првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер откако беше клинички одобрена. Нашиот медицински тим цело време контактираше со неа и нејзиното семејство и среќни сме што таа добро закрепнува дома, откако беше пуштена од болница – рече професорот Харди.

Поврзани содржини