ПРВОМАЈСКИОТ ПРОТЕСТ ЌЕ ПАРАЛИЗИРА УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ Полицијата со посебен режим, еве ја рутата

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да покажат трпение и разбирање за време на одржувањето на протестот, со цел безбедно одвивање и на протестот и на сообраќајот.

263

На 1 Мај, поради најавениот протест во Скопје, полицијата ќе воведе посебен режим на сообраќај.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека протестот ќе започне утре (01.05.2025) во 11 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија на улицата Мирче Ацев, по што учесниците ќе се движат лево по улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11 Октомври, потоа право по Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО и на крајот лево по булеварот Илинден до пред зградата на Владата на Република Северна Македонија.






Поради ова, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебно регулирање на сообраќајот долж наведената траса.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да покажат трпение и разбирање за време на одржувањето на протестот, со цел безбедно одвивање и на протестот и на сообраќајот.

Поврзани содржини