ПРВО ВИТКОФ ДА ГИ ПРЕНЕСЕ ИНФОРМАЦИИТЕ ОД МОСКВА, ПА ЌЕ СЕ ЗАКАЖЕ НОВА СРЕДБА Специјалниот пратеник на Трамп разговарал со Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, иако точниот датум сѐ уште не е договорен.

198

Кремљ потврди дека Стив Виткоф – кој е специјален пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп – се сретнал со претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на неговата вчерашна посета на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, иако точниот датум сѐ уште не е договорен.






– Точното време за разговорот меѓу двајцата претседатели сѐ уште не е одредено. Но, во исто време, откако господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор – изјави Песков за новинарите.

Песков додаде дека двете страни имаат „разбирање“ и оти „неопходен е разговор меѓу претседателите“.

РУСИЈА НЕ ГО САКА КЕЛОГ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА Зошто Кремљ не му верува на посредникот на Трамп?

Поврзани содржини