ПРВО ВЕЛИ ДЕКА Е НЕВОЗМОЖНО, А ПОТОА ГО ВЕТУВА ИСТОТО Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов ги краде идеите на Арсовска

Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти. Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

509

Благодариме што Петре Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела Арсовска, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели 10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, среде кампања и тој го ветува истото. Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а потоа да се предлага половично како свое. Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат. Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје. А неговиот тунел под Кале сите ќе нè потсетува на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат. Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти. Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но, тој е само мафијаш кој мести тендери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини