ПРВО СВЕДОШТВО НА СРБИНОТ КОЈ ЗАГЛАВИ ВО ПРОЗОРЕЦОТ НА „РАЈАНЕР“ Спиел, а потоа се видел себеси облеан во крв

Каровиќ, кој е сопственик на фабрика за алуминиум, вели дека животот му е нарушен, и дека не знае како ќе се врати на работата и дали повторно ќе биде „моторот“ на семејството.

0

Србинот Љубиша Каровиќ, кој беше повреден на летот од Солун кон Минхен, откако се скрши прозорец од авионот и тој беше повлечен надвор, ги опиша драматичните моменти што ги доживеал пред две недели.

– Спиев. По некое време ме разбуди многу силен тресок што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само еден момент, а не се сеќавам на останатото. Кога повторно се освестив, бев облеан во крв. Крв ми течеше по лицето и по рацете. Штом ги затворам очите, ми се враќаат слики од сè што доживеав во тие неколку минути. Тоа е кошмар што не можам да го опишам со зборови – објасни Љубиша.






Тој вели дека по инцидентот повеќе не е истата личност, а неговиот живот целосно се променил.

– Сега сè ме мачи. Бучавата и вревата ме мачат, не можам да одам по улица, сè ме мачи. Психички го допрев дното. Тоа влијае и на мојата работа и на моето семејство. Што ќе се случи сега, сè зависеше од мене, јас бев „моторот“ на целото семејство. Мојот живот е целосно нарушен. Воопшто не можам да се концентрирам. Не можам да се фокусирам на ништо. Тоа значи дека едноставно повеќе не функционирам правилно. Дури и не размислувам да се вратам, да се качам во авион. Секој пат кога ќе го слушнам авионот, паничам и добивам треска. Воопшто не ми е добро – рече Љубиша.

Каровиќ, кој е сопственик на фабрика за алуминиум, носи Шанцова кравата, која ќе ја носи шест недели според препораките на докторите, а на рацете му се гледаат изгореници, настанати од триењето на воздухот.

Поврзани содржини