ПРВО СМЕНИ ВО ПАРТИЈАТА, ПА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најавува кадровски промени

Ова е процес кој што очекувам да трае најмалку два до три месеци. Нема да биде тоа така бргу, имајќи предвид дека интересот којшто го очекуваме да се случи е голем – рече Мицкоски.

494

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска најави промени во раководството на партијата до првата половина на април, по што до почетокот на мај ќе следува и реконструкција на Владата.

– И со тоа би ја комплетирала екипата која би била водечка екипа на следните парламентарни избори кои ќе се случат. Очекуваме да бидат редовни, пролетта 2028 година, а и да се случат предвремени тука сме, ние сме подготвени да излеземе и уште еднаш да ги поразиме нашите политички противници – рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на Општина Аеродром.






Мицкоски најави дека по новогодишните празници ќе излезе со предлог состав на Извршниот комитет на партијата, а потоа следен чекор е тој Извршен комитет да распише генерален избор на структурите на партијата и на општинските комитети.

– Ова е процес кој што очекувам да трае најмалку два до три месеци. Нема да биде тоа така бргу, имајќи предвид дека интересот којшто го очекуваме да се случи е голем, или ајде да го заокружиме крајот на март, првата половина на април месец. Неминовно тоа наметнува да следен чекор биде реконструкција во Владата и во дел од државните институции – втора половина на април заклучно со мај – рече Мицкоски.

Поврзани содржини