ПРВО ПРОВЕРЕТЕ ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР, ПА ОБВИНУВАЈТЕ Лидија Димова злоупотреби 20 милиони, им одговори ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ
„СДСМ прво нека провери во своите редови, наместо да обвинува“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со Лидија Димова и злоупотребата на европски средства.
ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на последните обвинувања од СДСМ и ги повика да ги проверуваат своите редови пред да зборуваат за криминал. Во соопштението, партијата ја истакна аферата со Лидија Димова, која беше разрешена како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност поради злоупотреба на финансиски средства.
Димова, заедно со уште две лица, според ВМРО-ДПМНЕ, проневерила околу 20 милиони денари од европски фондови, за што беше обвинета од ОЈО ГОКК. Случајот бил во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија, а партијата апелира СДСМ да ги сподели тие забелешки и со ЕУ.
„Пред да излезат со прес-конференции и соопштенија, СДСМ прво нека си го погледнат својот двор. Тие се полни со луѓе поврзани со сомнежи и криминали“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Посебно внимание се посветува на притисокот што го вршел тогашниот премиер Заев врз Димова да не поднесе пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра, средства што Европската заедница подоцна ги побарала назад.
Според ВМРО-ДПМНЕ, овие пари завршиле кај блиски лица и фирми поврзани со нив, преку тендери кои биле фаворизирани.
„Оваа криминална мрежа имала свои влијанија во Националната агенција, а првопријавеното лице било поврзано и со кабинетот на премиерот“, потенцираат од партија.
На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат Јавното обвинителство да ја заврши својата работа и ги предупредуваат СДСМ треба да престане да ги критикува другите додека има нерасчистени криминали во своите редови.