Прво обраќање на кралицата Елизабета по смртта на принцот Филип (ВИДЕО)

Приоритет на мојата влада е да обезбеди национално закрепнување од пандемијата што ќе го направи Обединетото Кралство посилно, поздраво и попросперитетно отколку порано - рече 95-годишната кралица

268

На намалената церемонија поради пандемијата со ковид-19, кралицата Елизабета Втора, која носеше дневен фустан наместо вообичаената свечена облека и круна, ги прочита законите што владата треба да ги донесе во текот на следната година, а кои се однесуваат на широк спектар на прашања, од создавање работни места и здравствена заштита до отстранување на бирократијата по Брегзит, пренесува „Ројтерс“.

– Приоритет на мојата влада е да обезбеди национално закрепнување од пандемијата што ќе го направи Обединетото Кралство посилно, поздраво и попросперитетно отколку порано – рече 95-годишната кралица во говорот пред парламентот во говорот напишан од владата.






– За да се постигне ова, мојата влада ќе ги подобри можностите во сите делови на Велика Британија, поддржувајќи ги работните места, деловните активности и економскиот раст и решавајќи ги ефектите од пандемијата врз јавните услуги – се вели во говорот.

Во воведниот дел од ветувањата на владата, Џонсон наведува дека кризата во никој случај не ги намали амбициите на владата или апетитот за промена.

– Дадена ни е историска можност да ги смениме работите на подобро – рече Џонсон.

По крајот на излегувањето на Велика Британија од ЕУ на крајот на 2020 година, тој сакаше да ги претстави, како што рече тогаш, придобивките од Брегзит.

Неговата влада сега ќе се обиде да ја намали, како што смета, преголемата бирократија на ЕУ и да ја пренасочи државната помош за проблематичните бизниси.

Што се однесува до климатските промени, владата ја повтори својата заложба за постигнување нула емисии на стакленички гасови до 2050 година.

Поврзани содржини