ПРВО НА КАФЕ КАЈ АГЕЛЕР, ПА НА СОКЧЕ КАЈ КОВАЧЕВСКИ Пензионерите излегуваат на протест, бараат повисоки пензии

Пензионерите се разочарани од тоа што власта не сака да ги слушне нивните барања за линерано зголемување на сите пензии по 5.000 денари, а најмалата пензија да биде 20.000 денари.

354

Голем пензионерски протест е најавен за денеска во Скопје.

Според најавата, протестот ќе започне пред Американската амбасада и ќе финшира пред Владата во 12 часот.






Пензионерите вчера нагласија дека не сакаат социјални мерки, туку линеарно покачување на пензиите за 5.000 денари.

– Бараме тоа што заслужено треба да го добиеме, а тоа е пензија за достоен живот – порачаа вчера пензионерите од Прилеп.

Пензионерите се разочарани од тоа што власта не сака да ги слушне нивните барања за линерано зголемување на сите пензии по 5.000 денари, а најмалата пензија да биде 20.000 денари.

Тие вчера побараа поддршка и од шефот на државата Стево Пендаровски.

Досега се одржаа неколку собири низ цела Македонија.

Поврзани содржини