📽️ ПРВО МУ ПОЛАСКА НА ТРАМП, ПА ГО НАРЕЧЕ „ТАТО“ Нов срамен гаф на Марк Руте
Во вторникот, Трамп ги спореди Иран и Израел со две деца кои се скарале во училишниот двор, а на кои треба да им се дозволи малку да се „тепаат“, објавува Гардијан.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес рече, во врска со изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Иран и Израел, дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“.
Во вторникот, Трамп ги спореди Иран и Израел со две деца кои се скарале во училишниот двор, а на кои треба да им се дозволи малку да се „тепаат“, објавува Гардијан.
– Во основа имаме две земји кои се борат толку долго и толку силно што не знаат што по ѓаволите прават. Се борат силно, како две деца во училишен двор. Знаете, се борат како луди. Не можете да ги запрете. Нека се борат околу две или три минути. Потоа е полесно да ги запрете – оцени Трамп.
Коментирајќи ја оваа изјава, Руте рече дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“ за да ги запре овие конфликти.
Да потсетиме дека вчера, Трамп објави фотографии од пораките на Руте во кои му честита за неговата решителна акција во Иран и за убедувањето на сите сојузници во НАТО да издвојат најмалку пет проценти од својот БДП за одбрана. По ова следеше бран реакции на она што го напиша Руте, при што многумина го сметаа овој потег за ласкање.