ПРВО МОРА АСФАЛТ, ПА ЌЕ СТАВИМЕ ТАРТАН Директорот Настов тврди дека Арсовска не била разбрана

Денеска работниците од Улици и патишта почнаа да поставуваат ризла на останатите патеки, а директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов рече дека немале намера да асфалтираат земјени патеки, туку дека Арсовска била погрешно разбрана.

823

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се пишмани, нема да ги асфалира патеките во Градскиот парк откако вчера имаше бурни реакции од граѓаните на социјалните мрежи.

Вчера беше асфалтирана патеката околу лавиринтот, а Градот најави дека ќе се асфалтираат вкупно 7.500 метри земјени патеки во паркот.






Денеска работниците од Улици и патишта почнаа да поставуваат ризла на останатите патеки, а директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов рече дека немале намера да асфалтираат земјени патеки, туку дека Арсовска била погрешно разбрана.

– Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса – истакна Арсовска.

Во однос на патеката околу лавиринтот, која е веќе асфалтирана, Настов вели дека ќе биде покриена со тартан, објави денеска СДК.

– Просторот околу лавиринтот ќе биде со тартан. Мора прво асфалт да се стави па после тартан. На патеките ќе има или ризла или речен камен и песок односно природни материјали – рече Настов.

Поврзани содржини