Прво мерење температура и прашалник, па вадење заб
По околу шест недели, стоматолошките ординации ги отворија вратите за пациентите, но со препораки за строго почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот. Дел од стоматолозите реагираа дека на првиот работен ден не им биле обезбедени сите неопходни заштитни средства, дека требало да избираат меѓу маска и визир...
Пред да седнете на стоматолошко столче за да лекувате или извадите заб, ќе треба да ви измерат телесна температура и да одговорите на неколку прашања поврзани со корона вирусот. Оние пациенти кои се заразени со ковид-19, лекот за забоболката ќе мора да го побараат на Стоматолошкиот клинички центар кој почнува со работа за неколку дена.
По околу шест недели, стоматолошките ординации ги отворија вратите за пациентите, но со препораки за строго почитување на мерките за заштита од ширење на ковид-19. Дел од стоматолозите реагираа дека на првиот работен ден не им биле обезбедени сите неопходни заштитни средства, дека требало да избираат меѓу маска и визир…
Стоматолошката комора на својата веб страна го објави соопштението од Фондот за здравство во кое се наложува да се почитуваат протоколите и упатствата за работа во стоматолошките ординации.
„Здравствени услуги од специјалистичко–консултативна стоматолошка здравствена
заштита и општа стоматологија.
По препорака на Комисијата за заразни болести, од 13.05.2020 година сите
стоматолошки ординации во Република Северна Македонија започнуваат со работа. Со
тоа стоматолошките услуги на осигурените лица ќе ги пружаат избраните лекари
стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и
протетика.
Притоа сите стоматолошки здравствени установи кои се во мрежата, се ставаат во
рестриктивен режим на работење, со што се должни да се придржуваат кон
протоколите и упатствата за работа во услови на сеуште постоечка закана од инфекција
со COVID 19, изготвени од страна на Стоматолошка комора на Северна Македонија.“
Протоколите наложуваат дензифициенс на влезот од ординацијата, како и во чекалната каде е дозволено да седат само двајца пациенти кои пред да седнат на „жешкото“ стоматолошко столче, ќе треба таму да ги остават сите предмети коишто не можат да се дезинфицираат.