ПРВО КУПУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ, ПОСЛЕ ЌЕ МИСЛАТ КАДЕ ДА ГИ ПОЛНАТ Седум градови во Хрватска прават есап без крчмар

Хрватска многу бавно ја развива мрежата на полначи за батерии за електрични возила.

110

Речиси 100 милиони евра ќе бидат издвоени оваа и следната година на 7 хрватски градови за набавка на електрични автобуси за јавен превоз, потпирајќи се на средства од Европската Унија, пишува Јутарњи лист.

Половина од таа сума ќе биде инвестирана во ZET, односно јавниот превоз на главниот град.  Осиек издвои 19,9 милиони евра, а  Риека 11,5 милиони евра исто така ќе потрошат за електрификација на градските автобуси, кои ги доделија средствата на градската транспортна компанија КД Аутотролеј.






Иако станува збор за добредојдена замена на возниот парк што сега користи фосилни горива со зелена енергија со обилното повлекување на стимулациите од ЕУ, се поставува прашањето дали Загреб, Осиек, Риека и Сисак, чиј градски превоз е Аутопромет д.о.о., деновиве ја започнаа и јавната набавка на електрични автобуси, вредни 7,6 милиони евра има инфраструктура за полнење на батериите на електричните возила.

Хрватска многу бавно ја развива мрежата на полначи за батерии за електрични возила.

Поврзани содржини