ПРВО КРАДЦИ Ѝ ЈА ОГРАБИЛЕ КУЌАТА, А ДЕНЕСКА Ѝ ЈА ИСКЛУЧИЛЕ И СТРУЈАТА Пале во куќата на злосторството го чека судењето за убиството на Александар
Илоска не може да го подмири долгот за електрична енергија поради тоа што не заработува, а не заработува затоа што се наоѓа во домашен притвор, па во студените февруарски денови таа е приморана да се грее на плинска греалка и да користи газиена ламба.
Во куќата каде што му пресуди на партнерот кој со години ја тепал, омаловажувал и ја малтретирал, 23-годишната велешанка Пале Илоска го издржува куќниот притвор додека го чека судењето, но од неодамна таа живее без електрична енергија поради тоа што струјата ѝ е исклучена поради долг од 40.000 денари, објави „Код“.
Илоска не може да го подмири долгот за електрична енергија поради тоа што не заработува, а не заработува затоа што се наоѓа во домашен притвор, па во студените февруарски денови таа е приморана да се грее на плинска греалка и да користи газиена ламба.
Додека била отсутна од домот, пак, крадци влегле во нејзината куќа и однеле сè што можело да се однесе, празни се собите. Крадците дури се обиделе да ја украдат и климата, и тогаш некој ги забележал, најверојатно соседите, па повикале полиција.
На Фејсбук страницата „Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство“ денеска осамна објава за состојбата на Пале Илоска, а преку која се бара од граѓаните да ѝ помогнат.
„Бидејќи ја издржува мерката куќен притвор, таа не може да заработува и да сервисира месечни режиски трошоци. Сите што сакаат да помогнат да се покријат сметките за струја може да донираат на жиро сметката на Интервентниот Женски Фонд. Жиро сметка: 200003247799194. Стопанска Банка АД Скопје“, наведено е во објавата.
Инаку, младата велешанка ја издржува казната куќен притвор поради убиството на својот партнер, полицаецот Александар Ристовски, кој, според нејзините кажувања, ја малтретирал и ја тепал.
Бранителот на Пале за „Код“ открива дека кога еднаш се обидела да го пријави во полиција, Александар ја фатил Пале за врат и ѝ се заканил дека следниот пат кога ќе проба нешто слично ќе ја убие со куршум во главата.