ПРВО КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПОТОА КАЈ ПРЕМИЕРОТ Демонстрантите во Шри Ланка влегоа и ја запалија резиденцијата (ВИДЕО)

Викремесинге се согласи да поднесе оставка како премиер претходно денеска. На лидерите на парламентарните партии им порача дека ќе поднесе оставка кога партиите ќе го договорат составот на новата влада.

554

Демонстранти упаднаа во куќата на премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге во главниот град Коломбо, пред која претходно се судрија со полицијата и ја запалија, јавува Би-Би-Си. Истовремено, утринава илјадници демонстранти како рој мравки влегоа  во палатата на претседателот Раџапакса, кој навреме побегна и најави оставка.

 






Сѐ уште не е познато каде бил премиерот Викремесинге во моментот кога била опожарена куќата.

Премиерот се согласи да поднесе оставка исто како претседателот Раџапакса. На лидерите на парламентарните партии им порача дека ќе поднесе оставка кога партиите ќе го договорат составот на новата влада.

 

Поврзани содржини