ПРВО ФАТЕН СО ДРОГА, А СЕГА ПИЈАН ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ! Веднаш да биде разрешен директорот на „социјалното“ во Радовиш, бара ВМРО-ДПМНЕ

Ова е втор тежок инцидент на Филев за два месеци. Ова е срамно. Го повикуваме Министерството за труд и социјални работи под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши – вели Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

567

Директорот на Центарот за социјални работи од Радовиш Александар Филев, којшто е од СДСМ, и којшто пред 20 дена во Штип беше уапсен поради трговија со дрога, на 8 март бил уапсен поради алкохолизам и насилство врз полицајци среде полициска станица, објави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Според полициски извори, на 8 март во 19.45 во полицијата во Радовиш е приведен Александар Филев, директор на ЦСР Радовиш, видно алкохолизиран, заради нарушување на јавен ред и мир, а во полициската станица се заканувал на двајца полицајци и кон нивните семејства, па е лишен од слобода поради дело Загрозување на сигурност по член 144 став 3 од КЗ.






Истиот директор на ЦСР Радовиш, истиот Филев од Радовиш, пред само 20 дена во Штип беше уапсен од полиција за недозволена трговија со дрога, а кај него била најдена опојна дрога.

Филев е директор на ЦСР од декември 2023 година, по избор на министерката Јована Тренчевска од СДСМ.

Ова е втор тежок инцидент на Филев за два месеци. Ова е срамно. Го повикуваме Министерството за труд и социјални работи под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши и да го отстрани од работа Александар Филев од ЦСР Радовиш до расчистување на случаите.

Ниеден процес, како Техничка влада или изборни правила, не смее да е над правата на корисниците на услугите на Центрите за социјална работа. Вработените во ЦСР не смеат да бидат водени и одлуки за нив да носи лице со проблеми со зависности од дрога и алкохол како што е можно да е Александар Филев од СДСМ Радовиш – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини