ПРВО ЌЕ ИЗГУБИ ВО БРВЕНИЦА, ПА ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН Мицкоски оцени дека Хаќим Рамадани направил голема грешка

Мицкоски ги повика Албанците во Кичево, но и сите кичевци да размислат за човекот што ги уценува нивните внуки и нивните ќерки, дали е достоен кандидат за иден градоначалник на Кичево.

3,868

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, како голема грешка ја оцени изјавата на Хаќим Рамадани, кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Вреди.

Рамадани на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.






– Јас со жалење го слушнав сето она што противкандидатот на Јовица Илиевски го кажуваше во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка, пред сѐ за кандидатите од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Толку себичен потег од политичар досега во поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и за својот кусоглед, а притоа да ги занемари сите останати што се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, навистина е за жалење – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека зборувал и со голем број влијателни претставници на меѓународната заедница, кои исто така со големо жалење и со неверување гледаат на тоа дека некој во 21 век, може да користи таков речник.

На прашањето дали изјавата на Рамадани ќе влијае врз владината коалиција со Вреди, Мицкоски рече тоа ќе влијае на неговата положба во иднина.

– Откако прво ќе ги изгуби изборите во Брвеница, ќе биде нормално разрешен од позицијата што ја извршува во овој момент – рече Мицкоски.

Рамадани е актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Во однос на поддршката од Вреди за вториот круг во Кичево, Мицкоски рече:

– Фатмир Лимани не повика да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Вреди испрати и соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари, како кандидат за градоначалник во Кичево.

Мицкоски ги повика Албанците во Кичево, но и сите кичевци да размислат за човекот што ги уценува нивните внуки и нивните ќерки, дали е достоен кандидат за иден градоначалник на Кичево.

🎥 ОД КАЛ ДА Е, АЛБАНЕЦ ДА Е! Кандидатот на Вреди бара поддршка од ДУИ за победа во Брвеница

 

Поврзани содржини